Родителите на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, пишува порталот НОВА повикувајќи се на свои извори во болницата.
Двајцата родители, пишува НОВА, имаат ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму.
Пред 10 дена, Мицкоски во изјава за медиумите потврди дека неговата мајка е позитивна на вирусот, но тогаш се наоѓаше на домашно лекување. Тој изјави дека не се видел со неа подолго време поради ризикот на кој е изложен од средбите и разговорите со повеќе луѓе, но рече дека сите кои биле во контакт со неа се во самоизолација.