Во описот на случајот пишува дека настанот се случил на 22 јуни околу 23:50 часот во паркот на улицата „Финска“ во населбата Ченто, каде што пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник, употребувајќи тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, при што го пронашле ножот за кој се сомнева дека бил употребен при извршувањето на кривичното дело. Ножот е предаден на вештачење
Кривична пријава е поднесена против три лица од Скопје поради сомнежи за сторено кривично дело насилство врз дете, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот со напад и нанесување повреди со нов врз 14-годишник во скопската населба Ченто.

Оттаму велат дека Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе кривична пријава против Ј. Ј. (19), В. С. (23) и В. А. (19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство врз дете.
Во описот за случајот пишува дека настанот се случил на 22 јуни околу 23:50 часот во паркот на улицата „Финска“ во населбата Ченто, каде што пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник, употребувајќи тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, при што го пронашле ножот за кој се сомнева дека бил употребен при извршувањето на кривичното дело. Ножот е предаден на вештачење.
По преземните мерки пријавените се приведени и со нив е извршен службен разговор.
Од МВР вчера информираа дека три лица се приведени поради физички напад и нанесување повреди со остар предвмет врз малолетник во скопската Општина Гази Баба.
Како што претходно објавија дел од медиумите, повикувајќи се на изјави на родителите на повредениот малолетник, нивниот син без причина е физички нападнат, претепан и избоден со нож во скопската населба Ченто. Според нивните тврдења, тој е пронајден од случаен минувач што повикал Итна медицинска помош и полиција.
На социјалните мрежи, пак, е објавено видео на кое се тврди дека е прикажано повреденото момче што по нападот лежи во бессознание.
