Како што информираа денеска од претпријатието, меѓу локациите од каде бил подигнат отпад, расчистени се повеќе поголеми диви депонии во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел
Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје во текот на минатиот месец отстраниле 6 165 кубни метри отпад од диви депонии, лоцирани на териториите на сите скопски општини.

Како што информираа денеска од претпријатието, меѓу локациите од каде што бил подигнат отпад, расчистени се повеќе поголеми диви депонии во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел.
„Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата ‘Перо Наков’ и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улицата ‘Лихнида’ и во Новоселски Пат“,
се вели во соопштението.
На територијата на скопската општина Бутел, пак, екипите на претпријатието отстраниле вкупно 155 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад што бил непрописно одложен.
Дополнително „Комуналец“ подигнал и транспортирал и 14 030 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.
Од Јавното претпријатие информираат дека продолжуваат со секојдневно машинско миење на скопските булевари и улици, со автоцистерни, а седум дена во неделата во три смени машински и рачно се метат и мијат плоштадот и улицата „Македонија“, помалите плоштади – „Филип Втори“, „Мајка Тереза„ и „Богородица“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“ и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.
