„Гледам напредок, во смисла на тоа дека луѓето кои претходно не разговараа меѓу себе, сега почнаа да разговараат, и од бугарска и од страна на Северна Македонија. Постои разбирање дека заедничката цел е многу поголема од некои билатерални недоразбирања кои сè уште постојат. Заедничка цел во смисла на економија, општествени прашања, култура и споделена историја, заедничката цел е многу поголем, особено во однос на безбедноста и европската иднина на двете држави“, изјави европратеникот и известивач за земјава во Европскиот парламент по усвојувањето на Извештајот за напредокот на С Македонија
Прашан како го гледа напредокот во решавањето на билатералните прашања со Бугарија и дали очекува дека земјите членки на ЕУ наскоро ќе го одблокираат европскиот пат на С Македонија, Вајц рече дека можноста за тоа веќе е отворена со тоа што постои договор со кој поранешната влада на земјава ги прифатила уставните измени и тој процес може во секој момент да биде отворен во парламентот на државата. Надоврзувајќи се во одговорот, тој рече дека, исто така, има разбирање и за актуелната позиција на македонската Влада околу стравот дека по овој услов ќе дојдат други услови и оти е потребна предвидливост на процесот
Имаме успеси, иако тие се помали (во однос на оние на Црна Гора), сепак се успеси, изјави европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Томас Вајц на прес-конфернецијата по усвојувањето на Извештајот за напредокот на земјава на нејзиниот пат кон Европската Унија.

На заедничката прес-конференција со известувачот за Црна Гора, Марјан Шарец и црногорската министерка за европски работи, Маида Гочевиќ, европратеникот Вајц се осврна на главните заклучоци во Извештајот, наведувајќи дека тие јасно покажуваат каде е направен прогрес, а каде треба дополнително да се работи на испоилнување на одредени услови, предвидени во Реформската агенда.
Главен услов, како што рече тој, и понатаму останува усвојувањето на уставните измени за внесување на одредени малцинства во највисокиот правен акт на државата, вклучително и бугарското.
„Извештајот јасно покажува каде е направен прогрес и ова секако го покажува Реформаската агенда од Планот за раст во однос на средствата, односно парите дадени на државата за реформите кои се испорачани, но исто така и кога станува збор за безбедносните прашања, стратешките прашања како Коридорите 8 и 10, но и генерално соработката во безбедносниот сектор, било да станува збор за полициската соработка, соработката во судството или соработката во однос на заедничката безбедносна и надворешна политика каде гледаме стопроцентна усогласеност на Северна Македонија, која е земја членка на НАТО“,
рече Вајц.
Надополнувајќи, се во таа насока, тој посочи дека Извештајот детално нотира каде земјава постигнала напредок и јасно посочува дека Северна Македонија го избрала патот за членство во Европската Унија.
Потсетувајќи дека земјава сè уште формално ги нема почнато преговорите со ЕУ по поглавја, односно кластери, известувачот Вајц рече дека во неколку точки во документот усвоен денеска се наведени прашањата на кои земјава треба уште да работи.
„Ова е истакнато во неколку точки во Извештајот кои главно се фокусираат на прашањето за владеењето на правото, незавиноста на судството, на слободата на медиумите, прашања за животната средина, за малцинствата во земјата, но и прашања кои се однесуваат на правата на жените, на родовите права, заштита на жените кои се жртви на семејно насилство, но и фундаментални права на граѓаните околу кои сè уште има доста да се работи, но гледаме амбиција кај актуелната влада и поддршка од општеството за спроведување на овие реформи“,
рече европратеникот и известувач за С Македонија во Европскиот парламент.
Вајц посочи и дека како и минатата година и оваа, на усвојувањето на Извештајот му претходеле, како што рече, интересни сесии на гласање. Но, како што додаде важно е да се каже дека во доументот јасно се споменува дека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво.
Осврнувајќи се на клучниот услов за формален почекот на преговорите, тој рече дека за Европската Унија и за акито (заедничкото право на ЕУ) нема двојба дека малцинските права се дел од Преговарачката рамка и дека поради тоа се бара посветеност и усвојување на уставните измени кои, како што кажа, се однесуваат на неколку малцинства, вклучувајчи го и бугарското малцинство.
„Имаше прашања во врска со заклучоците на извештајот на Советот (на ЕУ). Најдовме силно мнозинство кои ги истакнуваат заклучоците на Советот од 2024 година и кои го потврдуваат токму она што го кажав – дека единствен услов за почеток на преговорите е потребата од уставни измени и исто така се истакнува дека билатералните прашања нема да го блокираат придвижувањето и нема да го блокираат она што престои кога станува збор за пристапувањето кон Европската Унија“,
рече Вајц.
Тој наведе, дека како и минатата и оваа година подготовката на Извештајот барала интензивна работа, но како што додаде, гледа напредок во тоа што бугарската и македонската страна почнале да разговараат и дека постои разбирање меѓу нив дека заедничката цел е многу поголема од некои билатерални недоразбирања кои сè уште постојат.
„Гледам напредок, во смисла на тоа дека луѓето кои претходно не разговараа меѓу себе, сега почнаа да разговараат, и од бугарска и од страна на Северна Македонија. Постои разбирање дека заедничката цел е многу поголема од некои билатерални недоразбирања кои сè уште постојат. Заедничка цел во смисла на економија, општествени прашања, култура и споделена историја, заедничката цел е многу поголем, особено во однос на безбедноста и европската иднина на двете држави“,
рече европратеникот.
Во тој контекст, Вајц рече дека Извештајот сè уште предмет на дебата, која, според него не ескалира на ниво кое би било неприфатливо, и оти според треба да им се даде поддршка на С Македонија и Бугарија да влезат во процес на градење доверба, како во однос на пристапот на земјава кон ЕУ, така и во однос на меѓусебната поддршка околу другите регионални прашања.

Прашан како го гледа напредокот во решавањето на билатералните прашања со Бугарија и дали очекува дека земјите членки на ЕУ наскоро ќе го одблокираат европскиот пат на С Македонија, Вајц рече дека можноста за тоа веќе е отворена со тоа што постои договор со кој поранешната влада на земјава ги прифатила уставните измени и тој процес може во секој момент да биде отворен во парламентот на државата.
Надоврзувајќи се во одговорот, тој рече дека, исто така, има разбирање и за актуелната позиција на македонската Влада околу стравот дека по овој услов ќе дојдат други услови и оти е потребна предвидливост на процесот.
„Така што владата на земјата може во секој момент да го иницира ова во парламентот, бидејќи на крајот на денот парламентот е тој што треба да одлучи за ова, а Европската Унија потоа веднаш може да ги почне пристапните преговори. Исто така, ја разбирам позицијата на Северна Македонија, особено на дел од Владата околу стравот дека по овој услов ќе дојдат други услови и мораме да признаме дека оваа земја чека на почеток на преговори 23 години и разбирам дека постои извесен критички поглед за тоа дека ќе следат уште повеќе услови. Морам да кажам дека патот кон Европската Унија ќе бара повеќе промени на Уставот, ќе бара бројни законски промени и верувам дека ние како Европската Унија мора да обезбедиме извесна предвидливост на овој процес“,
рече Вајц.
Во тој контекст, одговарајќи на прашањето, европратеникот се осврна и на начинот на носење одлуки. Според него, потребно е да се надмине одлулчувањето со консензус и да се премине на одлучување со квалификувано мнозинство, бидејќи, актуелниот концепт не помага во однос на предвидливоста на процесот.
„Во процесот на пристапување е потребен консензус од сите земји членки за стотина одлуки што треба да се донесат во рамките на пристапните преговори од страна на Советот и ова создава ситуација која не помага во градењето доверба и не помага во однос на предвидливоста на процесот и тука парламентот е многу јасен – треба да го надминеме одлучувањето со консензус и да го смениме со квалификувано мнозинство. Ова, исто така, сметам, ќе го деполитизира процесот од одредени делови, и да секако постои одредена одговорност и од наша страна како Европската Унија“,
рече Вајц.
За потсетување, Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за напредокот на пет земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово – по вчерашната пленарна дебата посветена на европската перспектива на регионот.
Извештајот за Северна Македонија за 2025 година, подготвен од известувачот Томас Вајц, беше усвоен со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“.
Во рамки на гласањето беше отфрлен и амандманот 3, предложен од Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од идната резолуција. Против бришењето на текстот гласаа 338 европратеници, додека 126 го поддржаа амандманот. Со тоа, во резолуцијата останува референцијата на Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Ставот 73 го повикува Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни прашања да постигне јасни и опипливи резултати, врз основа на објективни, автентични и докажани историски извори и документи, во согласност со Вториот протокол. Во текстот останува и формулацијата за заедничка историја.
Во извештајот се нагласува дека Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски поврзани со уставните измени, при што се потсетува на ставот на Советот на Европската Унија дека следната меѓувладина конференција ќе може да се одржи по спроведувањето на потребните уставни промени.
