Инциднетот се случил вчера околу 11:20 часот по локално, односно 20:20 часот според средноевропско време, за време на рутинска тест мисија, пренесе Би-би-си. На видеата од местото на несреќата може да се види голем облак од црн чад како се издига во воздухот, кој според медиумските извештаи, бил видлив од неколку километри
Засега сè уште не се утврдени причините за инцидентот, а според медиумските извештаи за тоа ќе биде потребно да се спроведат низа истраги, кои би можеле да траат и до 30 дена. Понатамошните анализи во рамките истрагата, според полковникот Џемјс Хејс, би можеле да траат и повеќе од шест месеци
Осум лица, меѓу кои и двајца вработени во компанијата „Боинг“, загинаа, откако бомбардер од типот Б-52 на американските воздухопловни сили вчера попладне се урна веднаш по полетувањето од воздухопловната база „Едвардс“ во јужна Калифорнија, пренесоа светските медиуми.

Инциднетот се случил околу 11:20 часот по локално, односно 20:20 часот според средноевропско време, за време на рутинска тест мисија, пренесе Би-би-си. На видеата од местото на несреќата може да се види голем облак од црн чад како се издига во воздухот, кој според медиумските извештаи, бил видлив од неколку километри.
„Денеска (15.06.2026 г.), воздухопловната база ‘Едвардс“ доживеа ужасна трагедија во која загубивме осум одлични Американци“,
изјави полковникот во војската на САД, Џејмс Хејс.
Според него, екипажот на воениот авион го сочинувале припадници на војската, владини цивили и владини изведувачи.
Претходно од базата соопштија дека првичните индикации покажуваат дека никој од членовите на екипажот не ја преживеал несреќата.
Како што изјави полковникот Хејс на брифинг за новинарите, најблиските на загинатите се известени за трагедијата и дека нивните имиња ќе бидат соопштени во наредните 24 часа.
Поради несреќата, сите операциите во воздухопловната база „Едвардс“, рече полковникот Хејс, се привремено прекинати.
Како што соопшти тој, инцидентот се случил додека се тестирала програма за модернизација на радарскиот систем на базата, мисија во која бил вклучен авионот, кој се урнал веднаш по полетувањето.
Засега сè уште не се утврдени причините за инцидентот, а според медиумските извештаи за тоа ќе биде потребно да се спроведат низа истраги, кои би можеле да траат и до 30 дена. Понатамошните анализи во рамките истрагата, според полковникот Хејс, би можеле да траат и повеќе од шест месеци.
Во посебна изјава, од „Боинг“, која го произведува леталото, потврдија дека двајца нивни вработени се меѓу загинатите во несреќата и дека компанијата е во контакт со нивните семејства. Од компанијата за Би-би-си одбиле да дадат понатамошни коментари во врска со инциднетот.
Гувернерот на сојузната американската држава Калифорнија, Гавин Њусом во објава на социјалната платформа Икс, наведе дека станува збор за трагичен инцидентит, изразувајќи сочувство на семејствата на жртвите и на заедницата во воздухопловната база „Едвардс“.
Бомбардер „Боинг Б-52 Стратофортрес“ (Летечка тврдина) амриканската војска го користи уште од 1950-тите години на минатиот век. Станува збор за стратешки бомбардер со долг дострел, а американската војска, како што наведуваат медиумител, го користела и за време на воената кампања на САД и Израел врз Иран.
Способен e да лета на висина од над 15 километри, за разлика од комерцијалните авиони кои достигнуваат висина од 10,6 километри, и да носи стотици конвнеционални бомби и 32 крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави.
Авионот може да дополни гориво среде лет што му дава потенцијално неограничен дострел на дејствување
Екипажот на авионот вообичаено го сочинуваат пет лица, командат на авиоинот, пилот, радарски навигатор и офицер за електронско војување.
Базата „Едвардс“ каде се случи инцидентот се наоѓа на оддалечност од околу 160 километри од градот Лос Анџелес, во пустината Мохаве.
Бројни американски поличари и претставници на војската на Соединетите Држави изразија сочувство до семејствата на жртвите во авионската несреќа.
