Српскиот претседател рече дека прашањето за идниот мандатар за новата влада се дискутира секојдневно, наведувајќи дека темата ќе биде разгледана и на важен состанок закажан за вечерва
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планира да се повлече од функцијата во рок од три-четири месеци, дури и порано.

Тој ова го сподели за време на денешното гостување на Радио „Белград“, говорејќи за потенцијалните датуми за одржување на предвремените избори во Србија. Рече дека изборите ќе се одржат за три до четири месеци.
Зборувајќи за своите идни политички планови, Вучиќ рече:
„Планирам да поднесам оставка“.
На прашањето дали тоа би можело да се случи за три или четири месеци, тој одговори: „Можеби дури и порано“. Додаде дека веќе почнал да пакува книги во Претседателството и дека планира да донира 1 200 книги што ги добил за време на својот претседателски мандат.
Вучиќ рече дека прашањето за идниот мандатар за новата влада се дискутира секојдневно, наведувајќи дека темата ќе биде разгледана и на важен состанок закажан за вечерва.
