Во текстот на резолуцијата се наведува дека Конгресот му наложува на претседателот Доналд Трамп да ги повлече американските сили од непријателствата против Исламската Република Иран. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа
Според американскиот Устав, единствено Конгресот има овластување да објави војна. Демократите тврдат дека со оваа резолуција се настојува да се зајакне улогата на законодавната власт во одлучувањето за воени интервенции
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) вчера усвои резолуција со која се бара повлекување на американските сили од воените дејствија против Иран, освен доколку Конгресот не одобри понатамошен ангажман.
Резолуцијата, предложена од демократите, е усвоена со 215 гласа „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републиканци, кои гласаа спротивно на ставот на својата партија, пренесува Ројтерс.

Во текстот на резолуцијата се наведува дека Конгресот му наложува на претседателот Доналд Трамп да ги повлече американските сили од непријателствата против Исламската Република Иран. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа.
Демократските членови на Комитетот за надворешни работи го поздравија исходот од гласањето, оценувајќи дека станува збор за силна и недвосмислена порака од американските граѓани дека се против продолжување на војната.
Слична резолуција претходно помина клучна процедурална фаза во Сенатот, по неколку неуспешни обиди, а нејзиното разгледување и можно усвојување во горниот дом на Конгресот се очекува во наредните денови.
Доколку мерката биде усвоена и во Сенатот, Трамп најверојатно ќе стави вето за да го спречи нејзиното стапување во сила. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, што во моменталниот политички распоред се смета за малку веројатно.
Според американскиот Устав, единствено Конгресот има овластување да објави војна. Демократите тврдат дека со оваа резолуција се настојува да се зајакне улогата на законодавната власт во одлучувањето за воени интервенции.
Иако американскиот закон му овозможува на претседателот да започне воени операции во случај на непосредна закана, тој е обврзан да побара одобрение од Конгресот во рок од 60 дена. Администрацијата на Трамп тврди дека тој рок не бил прекршен бидејќи конфликтот, започнат на 28 февруари со воздушни напади врз Иран, фактички завршија по воспоставувањето примирје.
Демократите, пак, го оспоруваат тоа толкување, наведувајќи дека американските сили и натаму се ангажирани во регионот, вклучително и во спроведувањето на блокадата на иранските пристаништа.
Американскиот Сенат во мај усвои резолуција за ограничување на воените овластувања на Трамп, со која би се ограничила можноста САД да продолжат со воени дејствија против Иран без претходно одобрение од Конгресот.
Таа беше изгласана со 50 гласа „за“ и 47 „против“, а поддршка доби и од четворица републикански сенатори кои гласаа заедно со демократите.
