Турнејата ќе започне денеска во Сараево. Во вторник, на 2 јуни, Кошта ќе престојува во Тирана, а потоа ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. На 3 јуни е предвидена посета на Приштина, додека на 4 јуни ќе престојува во Белград. Регионалната турнеја ќе ја заврши во Црна Гора
Од Канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија во Скопје информираат дека во фокусот на разговорите ќе бидат можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Унијата, постепената интеграција на регионот, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска ја почнува својата петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. Тој до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, каде што ќе оствари средби со регионалните лидери и ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора.

Од Канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија во Скопје информираат дека во фокусот на разговорите ќе бидат можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Унијата, постепената интеграција на регионот, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.
Турнејата ќе започне денеска во Сараево. Во вторник, на 2 јуни, Кошта ќе престојува во Тирана, а потоа ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. На 3 јуни е предвидена посета на Приштина, додека на 4 јуни ќе престојува во Белград. Регионалната турнеја ќе ја заврши во Црна Гора.
На 5 јуни, Кошта ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, посветен на темата „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.
Премиерот Христијан Мицкоски во петокот рече дека за време на претстојната посета на Кошта очекува да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја членка.
Посочи дека ставот на земјата останува непроменет и дека Владата ќе бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани.
„Што се однесува до посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ние досега имаме исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи и мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко билатерално барање што го има една земја членка кон Македонија. Се надевам дека во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Сигурен сум дека со неговото присуство тука и за време на нашата билатерална средба, а потоа и на работната вечера, ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали и како може да се надмине пречката“,
рече Мицкоски.
Ова е негова втора турнеја низ Западен Балкан како претседател на Европскиот совет, за која рече дека испраќа јасен сигнал до државите.
„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал – посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време за реализација“,
рече Кошта во пресрет на турнејата.
