Сведоци изјавиле дека заградата била погодена од најмалку пет ракети кои истовремено дошле од различни насоки, а според еден од локалните жители, пред нападот наводно се слушнал звук на хеликоптер како лебди над местото
Израел тврди дека во вчерашните напади во Газа неговите сили успеале да го убијат командантот на военото крило на Хамас, Мохамед Одех, која ја презеде позицијата неколку дена откако во сличен напад беше убиен неговиот претходник, пренесува Би-би-си.

Во големиот напад што израелските сили го извршија врз станбена зграда во една од најпроментните области во градот Газа, според локалните здравствени власти и сведоци, се убиени најмалку тројца Палестинци, а уште неколку други се повредени.
Израелската војска и безбедносната служба на земјата, Шин Бет, соопштија дека зградата која служела како засолниште на Одех била нападната откако тој бил лоциран таму по неколкумесечно следење на неговото движење.
Засега нема коментар од Хамас во врска со тврдењата на Тел Авив.
Инаку, новиот израелски напад врз Газа се случи и покрај прекинот на огнот на кој Израел и Хамас се согласија во октомври минатата година и кој формално сè уште е во сила.
Според медиумските извештаи, во нападот се погодени горните три ката дод зградата „Ал-Кајали“ во центарот на градот Газа, каде што улиците вчера беа преполни со луѓе во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
„Како дел од заедничката операција на ИДФ и Шин Бет за елимирање на терористот Мохамед Одех, беа нападнати неколку згради во срцето на градот Газа, кои служеле како негово засолниште. Нападот е извршен по неколку месеци разузнавачки надзор, чија цел беше следење на Мохамед Одех и движењата на неговите помошници во организацијата“,
се вели во заедничкото соопштение на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет.
Во него се додава дека погодиле и стан во близина што му припаѓал на припадник на Хамас кој учествувал во нападите што милитантната организација ги изврши на 7 октомри 2023 година врз Израел и бил дел од кругот помошници на Одех.
Спасувачки екипи веднаш се упатиле на погоденото место, каде, според извештаите, имале потешкотии да стигнат до горните катови поради обемот на штетата и големиот метеж во областа/
Сведоци изјавиле дека заградата била погодена од најмалку пет ракети кои истовремено дошле од различни насоки, а според еден од локалните жители, пред нападот наводно се слушнал звук на хеликоптер како лебди над местото.
Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопштија дека Одех бил еден од архитектите на масакрот на 7 октомври 2023 година.
„Одех бил одговорен за убиството, киднапирањето и ранувањето на многу израелски граѓани и војници на ИДФ“,
се наведува во соопштението.
Претходникот на Одех на командната позиција на милитантното крило на Хамас, Из ад-Дин ал-Хадад, беше убиен претходно во текот на мај во сличен напад на израелските сили, во кој цел исто така станбена зграда.
Инаку, Израел спроведува редовни напади врз цели во Газа откако на 10 октомври лани во сила стапи прекинот на огнот, поради што често е обвинуван од Хамас дека ги крши условите на примирјето и врши напади врз цивили.
Според Министерството за здравство на палестинската територија, управувано од Хамас, од прекинот на огнот досега во израелски напади се убиени повеќе од 900 луѓе во Газа.
Од друга страна, израелската влада тврди дека има право да врши напади врз членови на Хамас, истовремено обвинувајќи ја милитантната организација дека таа го крши договорот за прекин на огнот со тоа што одбива да се разоружа.
Последните фази од мировниот план посредуван од САД за Газа сè уште не се стапени во сила, а напредокот во нивното спроведување е во застој откако Соединетите Држави и Израел ја започнаа војната со Иран на крајот на февруари годинава.
САД го објавија почетокот на втората фаза од планот во јануари, при што управувањето со Газа треба преземе преодна, технократска администрација, а во него е предвидена и демилитаризацијата и реконструкцијата на територијата.
Сепак, разговорите за разоружување и натаму се во ќорсокак, додека во меѓувреме Хамас ги реактивира своите полициски сили и, според медиумските извештаи, ја враќа својата упрвна контрола врз палестинската енклава.
„Израел ќе продолжи да ги гони сите што учествувале во масакрот на 7 октомври. Порано или подоцна, Израле ќе дојде до сите“,
се вели во изјавата од кабинетот на Нетанјаху.
За потсетување, околу 1 200 луѓе беа убиени во нападот што Хамас го изврши врз јуиѓен Израел на 7 октовмри 2023 година, а 251 беа земени како заложници.
Израел одговори со започнување масовна воена кампања во Газа, која го претвори поголемиот дел од палестинската територија во урнатини и остави многу од нејзините 2,1 милиони жители раселени.
Во двегодишната војна израелските сили убиле повеќе од 72 800 луѓе во Газа, велат од Министерството за здравство во палестинската територија, чии бројки Обединетите нации ги сметаат за веродостојни.
Најновиот израелски напад врз Газа доаѓа откако 31 лице беше убиено во израелски напади во Либан, каде што Нетанјаху најави дека ќе ги засили воените акции против вооружената група Хезболах, која ја има поддршката на Иран.
