Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на глас во процесот на одлучување. Мерц смета дека ваквиот модел може да придонесе за напредок во тековните мировни преговори и да обезбеди дополнителна безбедносна гаранција за Украина во конфликтот со Русија
Најави дека за иницијативата ќе разговара со европските лидери во наредниот период
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие статус на „придружна членка“ во Европската Унија како преоден чекор кон полноправно членство, со цел да се олесни постигнувањето договор за завршување на војната, пренесува Ројтерс.

Во писмо упатено до лидерите на Европска Унија, германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил Украина да добие нов статус на „придружна членка“, што би им овозможило на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на глас во процесот на одлучување.
Мерц смета дека ваквиот модел може да придонесе за напредок во тековните мировни преговори и да обезбеди дополнителна безбедносна гаранција за Украина во конфликтот со Русија.
Германскиот канцелар предложил и политичка обврска од страна на земјите-членки на ЕУ за примена на клаузулата за заемна помош кон Украина, оценувајќи дека тоа би придонело за безбедноста на цела Европа.
Украина во моментов има статус на кандидат за членство во Европска Унија, но европските претставници оценуваат дека полноправното членство во наредните неколку години е малку веројатно, поради долгиот процес на реформи и потребата од ратификација од сите 27 земји-членки.
Предлогот на Мерц предвидува и можност украинските претставници да учествуваат во работата на Европска комисија и Европски парламент, но без право на донесување одлуки.
Мерц најави дека за иницијативата ќе разговара со европските лидери во наредниот период.
