Според него, Ѓинпинг посакува повторно отворање на Ормускиот Теснец, изразувајќи незадоволство дека Иран наплаќа патарини за премин низ него
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг му ветил оти Пекинг нема да му испорачува воена опрема на Иран, пренесува Си-ен-ен.

„Тој рече дека нема да им дава воена опрема. Тоа е голема изјава“,
израви тој пред новинарите за време на неговата официјална посета на Кина.
Трамп, сепак, посочи дека кинескиот лидер ги нагласил и економските односи со Иран, особено купувањето на нафта, како и дека Кина ќе продолжи да увезува големи количини иранска нафта.
Според него, Ѓинпинг посакува повторно отворање на Ормускиот Теснец, изразувајќи незадоволство дека Иран наплаќа патарини за премин низ него.
Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека лидерите размениле мислења за големи меѓународни и регионални прашања, како што се ситуацијата на Блискиот Исток, кризата во Украина и Корејскиот Полуостров.
Претхосно Трамп ги покани Ѓинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан во посета на Белата куќа на 24 септември годинава.
Средбите во Пекинг ги оцени како исклучително позитивни и продуктивни, а на кинескиот претседател му се заблагодари за големата чест и величествениот пречек
Според Ѓинпинг, двете земји треба да бидат партнери, а не соперници
Ова е прва државна посета на американски претседател на Кина по речиси девет години.
