Во делегацијата се и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, кој во септември треба да се повлече од функцијата, како и првиот човек на „Нвидиа“, Џенсен Хуанг, чија компанија е еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција
Трамп треба да пристигне во Пекинг утре, пред разговорите закажани за четврток и петок. Ова ќе биде негова прва посета на Кина од 2017 година
Американскиот претседател Доналд Трамп на неговата посета во Кина поведе голем број врвни директори од бизнис и технолошката индустрија, пренесува Би-би-си.
Американскиот милијардер Илон Маск е меѓу водечките бизнис-лидери кои го придружуваат Трамп.

Од Белата куќа потврдија дека Маск се качил во претседателскиот авион кој полета за Пекинг.
Во делегацијата се и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, кој во септември треба да се повлече од функцијата, како и првиот човек на „Нвидиа“, Џенсен Хуанг, чија компанија е еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција.
Трамп во Кина го придружуваат и директорот на „Боинг“, Роберт Кели Ортберг, директорот на „Блекрок“, Лари Финк, коосновачот и директор на „Блекстоун“, Стивен Шварцман, директорот на „Каргил“, Брајан Сајкс и директорката на „Ситигруп“, Џејн Фрејзер.
Во американската делегација се и претставници на компании како „Голдман сакс“, „Мастеркард“, „Мета“, „Квалком“, „Микрон“, „Виза“ и други големи технолошки и финансиски компании.
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да има долг разговор за војната со Иран со кинескиот лидер Си Ѓинпинг на нивната средба во Пекинг.
Сепак, Трамп ја минимизира идејата дека ќе му биде потребна помош од Кина за да се стави крај на конфликтот.
Трамп патува во Кина во време на нерешена војна со Иран. Пекинг одржува врски со оваа земја и останува главен потрошувач на нејзината нафта.
Трамп треба да пристигне во Пекинг утре, пред разговорите закажани за четврток и петок. Ова ќе биде негова прва посета на Кина од 2017 година.
