Во електронска порака што е објавена во рамки на истражната постапка, e наведено дека терористички напад врз еврејската заедница во Нов Јужен Велс е веројатен, при што се посочува и дека нивото на антисемитски говор на омраза е на високо ниво. На тоа предупредување, полицијата одговорила дека не може да обезбеди трајно распоредување на специјални полициски сили, туку предложила настанот да биде следен од мобилни патроли
Под притисок на јавноста, австралиската влада во јануари годинава формираше јавна истражна комисија – највисокото ниво на истрага во земјата
Еврејската заедница во Сиднеј ја предупредила полицијата дека постои висок ризик од можен напад непосредно пред инцидентот на плажата Бонди што се случи во декември минатата година, а во кој загинаа 15 лица, покажуваат прелиминарните наоди од истрагата.

Во електронска порака што е објавена во рамки на истражната постапка, e наведено дека терористички напад врз Еврејската заедница во Нов Јужен Велс е веројатен, при што се посочува и на високо ниво на антисемитски говор на омраза.
На тоа предупредување, полицијата одговорила дека не може да обезбеди трајно распоредување на специјални полициски сили, туку предложила настанот да биде следен од мобилни патроли.
Преписката е откриена со објавувањето на прелиминарните наоди на истражната комисија предводена од поранешната судијка Вирџинија Бел.
Нападот се случи на 14 декември 2025 година, за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, кога татко и син отворија оган од автоматско оружје врз присутните. Во нападот загинаа 15 лица, а на местото на настанот од страна на полицијата е застрелан и еден од напаѓачите.
Под притисок на јавноста, австралиската влада во јануари годинава формираше јавна истражна комисија – највисокото ниво на истрага во земјата.
Синот Навид Акрам е обвинет за тероризам и 15 точки за убиство и се смета за главен извршител на најсмртоносниот напад во Австралија во последните три децении.
Според властите, нападот е инспириран од идеологијата на Исламска држава (ИСИС), иако напаѓачите не биле формално поврзани со терористичка организација и не добиле надворешна поддршка.
Истовремено, истрагата покажува дека Навид Акрам бил предмет на безбедносни проверки уште во 2019 година поради негови врски со екстремистички групи.
Трагедијата предизвика силни политички реакции во Австралија, при што владата беше критикувана дека не реагирала навремено на предупредувањата за зголемен антисемитизам.
