И косовскиот премиер Авдулах Хоти објави дека нема да присуствува на состанокот со Александар Вучиќ во Белата куќа во Вашингтон на 27 јуни, на кој се очекуваше да се разговара за спорот околу косовското прашање помеѓу Србија и Косово.
Претходно, патот во Вашингтон го откажа и претседателот Хашим Тачи.
Ваквиот развој на настаните следува откако вчера беше објавено дека специјалниот обвинител Џек Смит поднесе предлог-обвинение до судот во Хаг против Тачи за воени злосторства.
„Поради новонастанатата ситуација и предавањето на обвинението од Специјалното обвинителство, морам да се вратам во својата земја. Го известив Гренел дека не можам да присуствувам на состанокот закажан за 27 јуни во Белата куќа“,
напиша Хоти на Твитер.
Ричард Гренел е специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот помеѓу Приштина и Белград и тој пред објавата на Хоти рече дека иако Тачи претходно го откажа присуството, состанокот ќе се одржи во присуство на косовскиот премиер.