На терен во „Сити мoл“, како што велат од МВР, се полициски службеници кои врашат проверки

Дојава за поставена експлозивна направа попладнево е причина за евакуација на трговскиот центар „Сити мол“ во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека пријавата била стигната на нивната електронска адреса.
На терен во „Сити мoл“, како што велат од МВР, се полициски службеници кои врашат проверки.
„Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар ‘Сити мол’ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри“,
информира МВР.
Минатиот викенд до МВР имаше стигнато дојава за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во центарот на Скопје. По спроведените проверки на терен, полицијата утврдила дека не се поставени експлозивни направи и дека станува збор за лажни дојави.
