Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, кој ја предводеше американската делегација на 11 и 12 април, овој пат нема да го предводи тимот, соопшти портпаролката на Белата куќа, додавајќи дека Венс ќе остане во Соединетите Американски Држави во состојба на готовс, односно ќе биде подготвен да отпатува во Пакистан доколку се утврди дека неговото присуство во Исламабад е неопходно
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, денеска потврди дека Соединетите Американски Држави ќе испратат делегација во Пакистан на нова рунда преговори со Иран за ставање крај на непријателствата, пренесоа светските медиуми. Истовремено во Исламабад се очекува да пристигне и министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи.

Левит пред новинарите изјви дека на новата рунда разговори во главниот град на Пакистан, што треба да се одржи претстојниот викенд, ќе отпатуваат специјалниот претставник на американскиот претседател, Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, додавајќи дека Вашингтон во последните денови забележал одреден напредок од иранска страна.
Инаку, се очекуваше шефот на иранската дипломатија Арагчи во Исламабад да пристигне денеска, на разговорите кои, според извештатите, ќе вклучуваат консултации околу предлозите за обновување на мировните преговори со САД.
Делегациите на Соединетите Држави и Иран одржаа мировни преговори во главниот град на Пакистан на 11 и 12 април, но тие завршија без договор, додека втората рунда, која се очекуваше претходно оваа недела, не се одржа.
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, кој ја предводеше американската делегација на 11 и 12 април, овој пат нема да го предводи тимот, рече Левит. Таа додаде дека Венс ќе остане во Соединетите Американски Држави во состојба на готовс, односно ќе биде подготвен да отпатува во Пакистан доколку се утврди дека неговото присуство во Исламабад е неопходно.
„Претседателот, потпретседатеоот и државниот секретар (Марко Рубио н.з.) ќе останат тука во Соединетите Американски Држави и ќе чекаат извештаи за понатамошниот развој (на разговорите)“,
изјави портпаролката на Белата куќа.
Според претходен извештај на Си-ен-ен, кој се повикува на неименувани американски функционери, потпретседателот на САД, Венс, би бил подготвен да патува за Исламабад доколку разговорите покажат напредок.
Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во објава на социјалната платформа Икс, соопшти дека ќе ги посети Пакистан, Оман и Русија со цел да се координира со регионалните партнери околу билатерални прашања и да разговара за неодамнешните случувања. Тој, притоа додава дека односите со соседните земји остануваат приоритет на Техеран.

Американско-израелската војна со Иран започна на 28 февруари, а по неколку недели бомбардирања од двете страни, САД и Иран се согласија на двонеделно примирке примирје кое стапи во сила на 8 април. Непосредно пред неговото истекување на 22 април, Трамп соопшти дека прекинот на огнот го продолжува се додека Техеран не изнесе предлог за траен крај на конфликтот.
Инаку, денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европската Унија е подготвена постепено да ги ублажи санкциите против Иран доколку се постигне сеопфатен договор со САД.
„Намалувањето на санкциите би можело да биде дел од процесот. И никој не спротивстави натоа“,
рече Мерц по неформалниот самит на земјите членки на ЕУ во Кипар.
Сепак, овој негов став беше дочекан со претпазливост од другите лидери на Европската Унија.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција по состанокот изјави дека е сè уште рано да се зборува за укинување на какви било санкции против Иран.
Слични пораки испрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Мерц ги даде овие изјави во време кога, според медиумите, Европската Унија се подготвува за вонредни сценарија поради евентуалниот непосреден недостиг на гориво за авиони и се обидува да ги зголеми капацитетите на рафинериите, поради порастот на цените на енергијата поврзани со војната во Иран.
