Американските сојузни држави Њујорк, Њу Џерси и Конектикат од утре воведуваат 14-дневен каратин за сите посетители од останатите делови на САД кои се жаришта на ковид-19.
Гувернерите на трите сојузни држави во североисточниот дел на САД кои исто така порано беа жаришта на коронавирус, денеска договорија заедничка мерка, чија цел е како што велат, да го заштитат она на што тие работеле многу напорно – спречување на локална трансмисија на заразата.
Карантинот ќе важи за жителите од сојузните држави каде 10% од населението е заразено со ковид-19 врз основа на седумдневни анализи на состојбата.
Девет држави, меѓу кои Алабама, Арканзас, Аризона, Флорида, Северна Каролина, Јужна Каролина, Вашингтон, Јута и Тексас, во моментов го исполнуваат тој праг на висока стапка на заразени.
Со повеќе од 31 000 смртни случаи и 412 000 заразени до сега, Њујорк на почетокот беше епицентар на пандемијата, но сега пораст на инфекции се бележат во јужните и западните сојузни држави.