Несреќата се случила на патот Бургас – Мало Трново кога автобусот, кој превезувал 37 патници и двајца возачи, сите украински државјани, застанал откако останал без гориво. Откако патниците се симнале и се собрале зад автобусот, тој неочекувано почнал да се движи наназад, по што удрил во групата луѓе и се превртел
Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени во автобуска несреќа во Бугарија, во близина на бугарско-турската граница кај граничниот премин „Мало Трново“.

Несреќата се случила на патот Бургас – Мало Трново кога автобусот, кој превезувал 37 патници и двајца возачи, сите украински државјани, застанал откако останал без гориво. Откако патниците се симнале и се собрале зад автобусот, тој неочекувано почнал да се движи наназад, по што удрил во групата луѓе и се превртел.
Дел од повредените, вклучувајќи деца, добиле медицинска помош на самото место пред да бидат однесени на понатамошно лекување. Шестмина од повредените се пренесени во болниците во Бургас, а останатите десет во ургентниот центар во Мало Трново. Останатите патници се привремено сместени во дневен центар во пограничниот град Мало Трново, каде што им е обезбедена медицинска помош.
Локалните власти соопштија дека автобусот се движел кон Турција како дел од патување во кое учествувале украински државјани, вклучувајќи и некои бегалци кои живеат во Бургас.
