Утрово во информација од сплитската полиција се вели дека во настанот нема елементи на кривично дело

Најмалку едно лице е загинато во експлозија што синоќа се случила во хрватскиот град Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.
Според првичните информации од сплитската полиција, експлозијата се случила околу 22:40 часот во подвозник во населбата Равна Нива.
Од полицијата велат дека идентитетот на лицето што е загинато сè уште не е познат и додаваат дека се води истрага за да се утврди како се случила експлозијата, пишува хрватски „Н1“.
Утрово во информација од сплитската полиција се вели дека во настанот нема елементи на кривично дело.
„Синоќа, 21 април 2026 година, по добиена пријава за експлозија во подвозник во Сплит, беше воспоставено обезбедување и беше блокирано поширокото место на настанот. Во присуство на заменик-окружниот државен обвинител беше спроведена истрага на местото на смртта на едно лице. Според досега утврдените информации, во овој инцидент нема елементи на кривично дело. Телото е предадено на судска медицина за обдукција“,
објавија тие.
