Тој е осомничен под сомнение дека синоќа во подгоричката населба Стар Аеродром со употреба на ладно оружје ги убил браќата Денис Хота (28) и Незрин Хота (27), како и Кенан Мираљемовиќ (56), пишуваат црногорски „Вијести“

Уапсен е 25-годишниот Вехад Муриќ од Рожаје кој е осомничен за тројно убиство во Подгорица, објави вечерва црногорската полиција.
Тој е осомничен под сомнение дека синоќа во подгоричката населба Стар Аеродром со употреба на ладно оружје ги убил браќата Денис Хота (28) и Незрин Хота (27), како и Кенан Мираљемовиќ (56), пишуваат црногорски „Вијести“.
„Полициски службеници од Полициската управа на Регионалниот безбедносен центар ‘Север’, со континуирана поддршка и соработка со службениците на Регионалниот безбедносен центар ‘Центар’, по спроведување на обемни оперативни активности и прецизно извршени тактички дејствија, го лоцираа В. М. (25) од Рожаје, осомничен за кривично дело тешко убиство, на отворен простор во внатрешниот дел на градот Рожаје, и го лишија од слобода, што беше пријавено кај државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица“,
се вели во соопштението од полицијата.
Полицијата соопшти дека Муриќ ќе биде приведен во Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошно постапување.
„По спроведување сеопфатни извидувачки и доказни дејствија, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за сите релевантни околности и понатамошниот тек на постапката каде што, дури и во оваа фаза, се собрани доволен број докази и факти кои недвосмислено укажуваат дека осомничениот В.М. е директен сторител на ова кривично дело“,
се додава во соопштението.
Според информациите што ги пренесуваат црногорските медиуми, осомничениот убил тројца пријатели со кои работел на градилиште.
„Се сомнева дека на ова кривично дело му претходеле лични расправии меѓу лицето кое го загубило животот и осомничениот“,
соопшти полицијата.
