Претседателот на САД во подолга објава на неговата социјална платформа Трут соушл, меѓу другото, наведе дека папата е слаб кога станува збор за надворешната политика, отворено критикувајќи ги неговите ставови во врска со војната на Соединетите Држави со Иран
Папата Лав, прашан за коментар за последните изјави на американскиот претседател, денеска за Ројтерс изјави дека и понатаму ќе продолжи да зборува против војната, но оти не сака да влегув во расправија со Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа упати остри критики до папата Лав XIV откако првиот избран лидер на Римокатоличката црква кој доаѓа од Соединетите Американски Држави (САД) минатата недела ги осуди заканите на Трамп кон Иран.

Критиките Трамп ги изнесе во подолга објава на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) наведувајќи, меѓу другото, дека папата е ужасен кога станува збор за надворешната политика.
„Не сакам папа кој мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Не сакам папа кој мисли дека е ужасно што Америка ја нападна Венецуела, земја која испраќаше огромни количини дрога во Соединетите Држави и, уште полошо, ги празнеше нивните затвори, вклучувајќи убијци, дилери на дрога и убијци, во нашата земја. И не сакам папа кој го критикува претседателот на Соединетите Држави затоа што правам точно она за што бев избран, поставувајќи рекордно ниски бројки на криминал и создавајќи ја најголемата берза во историјата“,
напиша Трамп.
Американскиот претседател во листата на критики до папата Лав XIV додаде уште неколку, нарекувајќи го понтифот „слаб“ во однос на криминалот и кон нуклеарното оружје.
На крајот од објавата претседателот на САД напиша и дека да не бил тој во Белата куќа, воопшто немало да има папа од Соединетите Дражви во Ватикан.
„Лав треба да биде благодарен бидејќи, како што сите знаат, тој беше шокантно изненадување. Тој не беше на ниту еден список за папа, а таму беше ставен од Црквата само затоа што беше Американец, а тие сметаа дека тоа ќе биде најдобриот начин да се справат со претседателот Доналд Џ. Трамп. Да не бев јас во Белата куќа, Лав немаше да биде во Ватикан“,
наведе Трамп.
Тој своите критики ги повтори и во изјава за медиумите подоцна.
Минатата недела, папата Лав ја критикуваше изјавата на Трамп дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“ доколку Иран не се согласи на договор за завршување на војната.
Папата Лав, прашан за коментар за последните денеска изјави на американскиот претседател, за Ројтерс изјави дека и понатаму ќе продолжи да зборува против војната, но оти не сака да влегув во расправија со Трамп.
Во изјвата дадена во авион на пат кон Алжир, каде првиот американскит папа ја започнува својата 10-дневна турнија низ четири африкански земји, папата рече дека христијанската порака се злоупотребува, притоа алудирајќи на претседателот Трамп.
„Не сакам да влегувам во расправија со него (Доналд Трамп н.з.).Не мислам дека пораката на Евангелието треба да се злоупотребива на начин на кој некои луѓе го прават тоа. Ќе продолжам гласно да зборувам против војната, во обид да промовирам мир, дијалог и мултилатерални односи меѓу народите и да барам праведни решенија за проблемите“,
рече папата, говорејќи на англиски јазик.

Тој додаде дека денес премногу луѓе страдаа во светот и оти премногу невини луѓе се убиваат.
„Мислам дека некој мора да стане и да каже дека постои подобар начин“,
рече тој, додавајќи дека својата улога не ја гледа како на политичар.
Инаку, по неуспешните мировни преговори што пред два дена се оддржа меѓу САД и Иран во Пакистан, американскиот претседател најави дека Соединетите Држави ќе почнат со блокада на Омрускиот теснец во обид да ја преземат контролата врз стратешкиот воден пат.
Трамп, исто така, се закани дека ќе ги бомбардира иранските постројки за третман на вода, електраните и мостовите доколку Техеран не се согласи да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје, што е клучна точка на сопнување меѓу двете страни, пренесе „Гардијан“.
