„Недемократскиот режим на Орбан падна, токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации“, напиша на Икс лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче откако на парламентарните избори во Унгарија победи опозициската партија Тиса на Петер Маѓар

Вечерва Унгарија рече доста е. Вака лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче ги опиша исходот од денешните парламентарни избори во Унгарија.
Во објава на социјалната прежа Икс, Филипче порача – нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта.
„Недемократскиот режим на Орбан падна, токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат“,
напиша Филипче на Икс.
Вечерва Унгарија рече ДОСТА E!
— Venko Filipce (@VFilipche) April 12, 2026
Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ.
Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на…
Денеска во Унгарија се одржаа парламентарни избори на кои падна владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години власт. Победничка партија е опозициската Тиса на Петер Маѓар.
Според првичните информации на Националната изборна канцеларија на Унгарија, по пребројани 96 отсто од гласовите, опозициската Тиса освоила 138 мандати, а владејачката Фидес освоила 55 мандати. Во унгарскиот парламент треба да влезат 199 пратеници. Тоа значи дека Тиса обезбеди двотретинско мнозинство.
Орбан го призна поразот, велејќи дека резулатот од изборите за нив е болен, но јасен.
