Жената се здобила со тешки телесни повреди
Педесет и петгодишна скопјанка е тешко повредена откако била удрена од тротинет. Несреќата се случила вчера попладне на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје кога К.Б. била удрена од Ф.Е.Т. од Турција кој управувал со тротинетот. Откако удрил во жената, сторителот го напуштил местото.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ‘Свети Наум Охридски’ во Скопје“,
информираа од МВР.
Увид на местото на настанот е извршен од страна на увидна екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот на тротинетот.
