Повеќе од 100 000 луѓе починале во Јужна Америка и Карибите откако биле заразени со новиот коронавирус, јавија западни медиуми повикувајќи се на официјални податоци.
Повеќе од 2,1 милиони луѓе се заразени во регионот од почетокот на пандемијата, а најпогодени земји се Бразил, Мексико, Перу и Чиле.
Во Бразил има 1 145 906 заразени и 52 645 смртни случаи. Мексико регистрирал 191 410 случаи на заразени, од кои 23 377 биле фатални.