Како можна причина за уривањето се наведува дека се работи за технички дефект, односно дека немало надворешно влијание врз авионот
Руски воен транспортен авион се урна во Крим при што загинаа сите 29 лица во него, објави руското Министерство за одбрана.

Како можна причина за уривањето се наведува дека се работи за технички дефект, односно дека немало надворешно влијание врз авионот.
Според информации од тамошното Министерство, контактот со авионот бил изгубен вчера околу 18 часот по локално време (17 часот по средноевропско време) за време на планираниот лет над Крим.
Тимот за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известува дека се загинати шест членови на екипажот и 23 патници.
Урнатиот авион е лесен тактички воен транспортен авион кој со децении е столб на транспортот и може да носи товар и до 40 патници на кратки и на средни растојанија.
