Како што соопштија од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вилата „Водно“.
Потоа ќе следува тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.
Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Во рамките на посетата на земјата, претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Утре претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
