Последните извештаи велат дека пилотот и копилотот на авионот им подлегнале на тешките повреди, додека кај две службени лица биле констатирани скршеници на екстремитетите, но се во стабилна состојба и се наоѓаат во болница
Властите задолжени за аеродромите во Њујорк и Њу Џерси, според Ројтерс, рекле дека противпожарното возило интервенирало на друг инцидент кога дошло до судир со авионот на пистата број четири на аеродромот „Ла Гвардија“
Патнички авион на „Ер Канада експрес“ со околу 76 патници доцна синоќа се судрил со противпожарно возило на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк. Инцидентот, како што пренесе Ројтерс, се случил додека авионот слетувал на пистата, по што локалните власти веднаш го затвориле аеродромот, суспендирајќи ги летовите.

Американската телевизија Ен-би-си њуз објави дека четири лица биле повредени во инцидентот, а според извори на телевизијата, противпожарното возило во кое удрил авионот го управувале полициски службеници.
Последните извештаи велат дека пилотот и копилотот на авионот им подлегнале на тешките повреди, додека кај две службени лица биле констарирани скршеници на екстремитетите, но се во стабилна состојба и се наоѓаат во болница.
Авионот CRJ-900, кој доаѓал од Монтреал, удрил во возилото со брзина од околу 39 километри на час, сооопшти веб-страницата за следење летови „Флајтрадар 24“ (Flightradar24), која последните податоци ги снимила во 23:37 часот по локално време, односно во 4:37 часот според средноевропско.
Фотографиите што ги објавија медиумите покажуваат серизни оштетувања на „носот“ на авионот, кој од ударот е извиткан и речиси целосно уништен.
Засега нема непосредни коментари и изјави од американските власти и агенции за итни случаи во врска со повредени лица во инцидентот.
Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) соопшти дека се очекува аеродромот да остане затворен до денеска до 14 часот по американско источно време, односно до 19 часот по средноевропско време.
Video from the scene at La Guardia this evening. Eyewitness in the video states the aircraft’s nose lifted after passengers deplaned the CRJ. https://t.co/cg30LJOyfk
— Flightradar24 (@flightradar24) March 23, 2026
Веб-страницата „Флајтрадар24“ информира дека 18 летови биле пренасочени кон други аеродроми, претежно во областа на Њујорк, или, пак, вратени на нивната појдовна точка.
Авионот што учествувал во инцидентот бил управуван од регионалниот партнет на „Ер Канада“, „Џез“ (Jazz), кој е во соопственост на „Хорус авиејшн“ (Chorus Аviation).
Од компанијата „Џез“ изјавиле дека авионот превезувал 72 патници и четири членови на екипажот. Станува збор за прелимирен список на патници кој дополнително треба да биде потврден од надлежните служби.
Властите задолжени за аеродромите во Њујорк и Њу Џерси, според Ројтерс, рекле дека противпожарното возило интервенирало на друг инцидентот кога дошло до судир со авионот на пистата број четири на аеродромот „Ла Гвардија“.
We’ve now processed the granular data from the CRJ-900 at La Guardia in New York. Ground speed data indicates a gradual deceleration until about Taxiway E on RWY 4. https://t.co/RfxyZrWEtY #AC8646 pic.twitter.com/1T0fso0q81
— Flightradar24 (@flightradar24) March 23, 2026
Системот за итни случаи на Њујорк веднаш издал информација дека може да се очекуваат откажувања на летови, затворање на патишта, до цнења во сообраќајот и служби за итни случаи во близина на аеродромот.
Инаку, аеродромот „Ла Гвардија“, на кој работата широк спектар на американски компании, минатата година, според аеродромската управа на Њујорк и Њу Џерси, опслужил 30 милиони патници.
