Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (21 јуни 2020 г.):
-Капацитетот на болниците за прием на болни од ковид-19 растегнат до максимум – апели за помош и предупредувања од многу страни;
-Општината Чаир останува рекордер по бројот на активни случаи – сликата од терен се чини подобра, но се уште е далеку од добра;
-Предизборен портрет на ДИК – мнозинството на СДСМ и БЕСА наспроти претседателско-потпретседателскиот двоец на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ;
-Кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија: интервју со амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп;
-Луѓето со попреченост, кои и во редовни околности се соочуваат со бројни предизвици, во корона-кризата се уште попогодени;
-„Саботажа“.