Американскиот претседател рече дека САД своевремено им помогнале на европските сојузници околу Украина и дека сега очекуваат поддршка за возврат. Во оваа смисла истакна дека Европа и Кина се во голема мера зависни од нафтата од Персискиот Залив, за разлика од Соединетите Американски Држави. Ги посочи Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија како земји од кои очекува помош околу Заливот
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу лоша иднина ако сојузниците на САД не помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец, кој е блокиран од Иран.

„Соодветно е луѓето кои имаат корист од испораките на нафта низ Теснецот да се осигурат дека ништо лошо нема да се случи таму. Ако нема одговор или ако има негативен одговор, мислам дека тоа ќе биде многу лошо за иднината на НАТО“,
изјави Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Американскиот претседател во оваа смисла истакна дека Европа и Кина се во голема мера зависни од нафтата од Персискиот Залив, за разлика од Соединетите Американски Држави. Во последните денови тој ги посочи Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија како земји од кои очекува помош околу Заливот.
Прашан да прецизира каква помош е потребна, Трамп рече дека сојузниците би можеле да придонесат со поморски средства како што се миноловци – кои Европа ги има многу повеќе од САД.
„Ги удривме многу силно и не им преостана ништо друго освен да прават мали проблеми во Теснецот. Но сојузниците, оние кои се корисници на нафтата, треба да ги помогнат да го контролираме. Ние ќе им помогнеме, но и тие треба да бидат таму“,
додаде Трамп.
Американскиот претседател рече дека САД своевремено им помогнале на европските сојузници околу Украина и дека сега очекуваат поддршка за возврат.
„Бевме многу љубезни. Не мораше да им помагаме со Украина бидејќи е илјадници милји од нас… Но, им помогнавме. Сега ќе видиме дали тие ќе ни помогнат. Одамна реков дека ние ќе бидеме тука за нив, но дека тие нема да бидат тука за нас и не сум сигурен дека би биле“,
рече Трамп.
