Според него, американската војска извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блискиот Исток и го нападнала островот Харг, кој служи како терминал за речиси целиот ирански извоз на нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео од синоќешните напади врз иранските воени цели на островот Харг во северниот дел на Персискиот Залив.
Видеото прикажува напади врз воена база, вклучувајќи напади врз пистата на воздухопловната база, како и неколку други локации на островот.

Според достапните информации, цел биле и противвоздушни одбранбени системи и можни позиции на ракетни системи што ги користи Иранската револуционерна гарда.
Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл објави дека американската војска извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блискиот Исток и го нападнала островот Харг, кој служи како терминал за речиси целиот ирански извоз на нафта.
„Пред неколку моменти Централната команда на САД започна еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток и целосно ги уништи сите воени цели на бисерот на Иран, островот Харг“,
напиша тој.
Footage has now been published by President Donald J. Trump showing today’s strikes against Iranian military targets on Kharg Island in the Northern Persian Gulf, which acts as a port hub for the export of up to 90% of oil products leaving Iran. In the footage, strikes can be… pic.twitter.com/WH3iWw74sE
— OSINTdefender (@sentdefender) March 14, 2026
Сепак, додава дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.
„Одлучив да не ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го спречи слободниот и безбеден премин на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука“,
кажа американскиот преетседател.
Трамп го повика Иран да го положи оружјето и да го спаси она што останало од нивната земја.
