Поради сомневање во дадената изјава дека нема ништо во возилото, царинските службеници извршиле детална контрола, при што го пронашле тутунот. Против лицето е поднесена кривична пријава за кривично дело криумчарење
Царинската управа информира дека спречила шверц на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари. Тутунот, кој бил наменет за продажба на македонскиот пазар, бил запленет на Граничниот премин „Блаце“ на влез во државата.

„Сторителот Ф. Б., државјанин на Македонија, набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување, лицето изјавило дека нема ништо“,
соопштија од Царинската управа.
Поради сомневање во дадената изјава, царинските службеници извршиле детална контрола, при што го пронашле тутунот. Против лицето е поднесена кривична пријава за кривичното дело криумчарење.
„Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза“,
додаваат од Царината.
