Активисти против расизам и колонијализам денеска фрлија црвена боја врз два споменика во Париз поврзани со француската колонијална ера.
Едниот споменик е на Ибер Лиоте, кој служеше во Мароко, Алжир, Мадагаскар и Индокина, додека беа под француска контрола, а за време на Првата светска војна беше француски министер за војна.

Другиот обоен споменик е на Волтер, водечки мислител на француското просветителство, кој дел од богатството го стекна со трговија.
Акцијата уследи откако се поголем број активисти, кои се борат против расизмот во неколку држави, бараат уривање на спомениците на историските личности, кои биле дел од трговијата со робови или со колонијализмот.