На повеќе теми од надворешната и од домашната политика, тој, во интервју за БИРН, зборува и како поранешен шеф на државава, но и во капацитет на универзитетски професор, фокусиран на глобалната политика и безбедноста

Освен што војната со Иран е непотребна, таа е и најлошо подготвената американска интервенција во последниве 100 години. Воедно претставува геополитички преседан, не поради игнорирањето на меѓународното право, тоа се случувалo и порано, туку зашто САД по првпат ги заобиколија НАТО-партнерите.
Ова е збирната анализа на поранешниот претседател Стево Пендаровски за најновата криза на Блискиот Исток. На повеќе теми од надворешната и од домашната политика, тој, во интервју за БИРН, зборува и како поранешен шеф на државава, но и во капацитет на универзитетски професор, фокусиран на глобалната политика и безбедноста.
Пендаровски политичката кариера ја посвети на евроатлантската интеграција. Денес, пак, за Трамповата Америка го тврди следново:
„Ние сега практично ја имаме најсилната држава на светот, чие однесување не можеме да го предвидиме.“
Американско-израелскиот воен напад, според него, го извади на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика поради безрезервната поддршка на американската администрација.
„Тоа е поразителен факт“,
вели експретседателот.
Целото интервју може да го прочитате тука.
