Врвот на кулата ќе биде затворен до средината на јули
Ајфеловата кула ќе биде отворена за посетители на 25 јуни со почитување на санитарните мерки, јави МИА.
Од 25 јуни лифотвите нема да функционираат во текот на една недела, а само првиот и вториот кат ќе бидат достапни за посетители кои ќе може да дојдат до нив само со искачување на скалите.
Врвот на кулата ќе биде затворен до средината на јули.
Секои два часа ќе се врши дезинфекција на местата што се во директен контакт со раце на посетителите, а носењето маска е задолжително.
Според дирекцијата на Ајфеловата кула, веќе пристигнале околу 2 000 резервации, од кои 90 отсто се од Французи, а другите 10 отсто од странци, главно Германци. Затворањето на кулата за гости предизвика загуба од девет милиони евра месечно.