Засега не познато кој го нападнал бродот, кој според изворите на новинската агенција потонал по нападот
Едно лице загинало, 78 се повредени, а најмалку 101 се водат како исчезнати откако подморница извршила напад на ирански брод покрај брегот на Шри Ланка, објави Ројтерс денеска, повикувајќи се на извори од морнарицата и Министерството за одбрана на островската држава во Индискиот Океан.

Засега не е познато кој го нападнал бродот, кој според изворите на новинската агенција потонал по нападот.
Портпарол на морнарицата на Шри Ланка изјавил дека извештајот за 101 исчезнато лице не е точен, и оти 32 лица повредени во инцидентот биле спасени од морнарицата на земјата и пренесени на лекување во болница.
Министерот за надворешни работи на Шри Ланка претходно во текот на денот пред парламентот изјавил дека морнарицата одговорила на повик за помош на бродот, започнувајќи спасувачки операции вчера утро во 6 часот според локално време, односно 13:30 според средноевропско време.
„Она што го знаеме во овој момент е дека 79 лица се спасени и донесени во болница, а едно од нив е сериозно повредено. Се верува дека уште 101 се водат како исчезнати, додека бродот потонал“,
изјавил извор од морнарицата на Шри Ланка, кој инсистирал на анонимност, бидејќи немал овластување да дава изјави за медиумите.
Извори за Ројтерс рекле дека едно од лицата кои биле хоспитализирани, во меѓувреме им подлегнално на повредите.
Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, според агенцијата, не дал дополнителни детали во парламентот, но рекол дека војската спасила најмалку 30 лица кои биле на бродот, додавајќи дека земјата ќе преземе соодветни мерки.
Локални медиуми објавиле дека бродот испратил повик дека се наоѓа во опасност покрај брегот на Гале, покрај јужниот брег на Шри Ланка и дека повредените се примени во болница во градот.
