Според полицијата, родителите за настанот се известени од сосед, по што детето е однесено во болница, каде што е констатирана негова смрт
Десетгодишно дете утрово почина по пад од балкон од станот во кој живеело во Тетово, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Според полицијата, родителите за настанот се известени од сосед, по што детето е однесено во болница, каде што е констатирана негова смрт.
„Денеска во 09:45 часот е пријавено дека во Клиничката болница во Тетово е донесено починато 10-годишно момче од Тетово“,
се вели во полицискиот извештај.
Според пријавата, детето имало здравствени проблеми.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција.
