Од американската амбасада е издадено предупредување во кое се вели дека постои постојана закана од ракети и беспилотни летала над Кувајт и ги советуваат луѓето да не доаѓаат во амбасадата

Виден е чад како се издига од или во близина на амбасадата на САД во Кувајт, објавуваат светските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок.
Во објавите се наведува дека во областа се забележани пожарникари и амбулантни возила.
И во видео кое е објавено на социјалните мрежи може да се види црн чад како се издига од областа.
Smoke was seen rising from the U.S. Embassy compound in Kuwait after Iran launched strikes targeting American positions in the Gulf, marking a sharp escalation in regional tensions.
— The Hindu (@the_hindu) March 2, 2026
📹: PTI pic.twitter.com/zrTinHjNuU
Од американската амбасада е издадено предупредување во кое се вели дека постои постојана закана од ракети и беспилотни летала над Кувајт и ги советуваат луѓето да не доаѓаат во амбасадата.
Во соопштението се вели дека граѓаните на САД треба да останат дома и да бидат внимателни за потенцијални напади.
„Амбасадата ги повикува граѓаните на САД во Кувајт да се засолнат, да ги разгледаат безбедносните планови во случај на напад и да останат внимателни во случај на дополнителни идни напади. Персоналот на амбасадата на САД се засолнува во објектот“,
се вели во соопштението.
Кувајт, како и другите земји од Заливот, се соочи со напади по атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Меѓу целите во регионот се американските воени објекти.
Како одмазда за воздушните напади на САД и Израел, Иран денеска нападна и локации во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин.
САД објавија дека досега тројца американски војници се убиени во американската операција против Иран, а Кувајт објави дека денеска во земјата се урнале неколку американски борбени авиони и оти екипажите преживеале.
