Последиците се чувствуваат далеку над Блискиот Исток, со патници заглавени на дестинации од Бали до Франкфурт. Дополнителен проблем, како што пишува „Гардијан“, е што екипажите и пилотите сега се низ целиот свет, што го отежнува продолжувањето на летовите откако повторно ќе се отвори воздушниот простор

Стотици илјади патници се блокирани низ целиот свет откако изминатите два дена неколку аеродроми на Блискиот Исток беа затворени по нападите на САД и Израел врз Иран. Денеска уште стотици летови се откажани, со што се прошири хаосот во глобалниот воздушен сообраќај и се влошија условите за патниците. Ова е најлошиот удар врз авијацијата од пандемијата ковид-19, пишува „Гардијан“.
Главните аеродроми на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Дубаи, најпрометниот меѓународен центар во светот, се затворени трет ден по ред. Според платформата за следење летови „Флајтавеар“ (FlightAware), речиси 2 800 летови се откажани во саботата, а 3 156 во неделата. Само денеска, откажани се веќе 1 239 летови. „Емирати“ од Дубаи, „Етихад ервејс“ од Абу Даби и „Катар ервејс“ од Доха имаат откажано стотици летови, додека други превозници, вклучувајќи ја и „Ер Индија“, исто така ги имаат суспендирано услугите во регионот.
„Нема светла страна за патниците. Тие треба да бидат подготвени за одложувања или откажувања во следните неколку дена, додека нападите се одвиваат и се надеваме дека ќе завршат“,
вели Хенри Хартевелдт, аналитичар за авијациската индустрија и претседател на „Атмосферска истражувачка група“.
Според веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24), воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, ОАЕ и Катар денеска во голема мера е празен.
Последиците се чувствуваат далеку над Блискиот Исток, со патници заглавени на дестинации од Бали до Франкфурт. Дополнителен проблем, како што пишува „Гардијан“ е што екипажите и пилотите сега се низ целиот свет, што го отежнува продолжувањето на летовите откако повторно ќе се отвори воздушниот простор.
BREAKING: Iranian drone struck Dubai International Airport.
— Mossad Commentary (@MOSSADil) February 28, 2026
Source: @visegrad24 pic.twitter.com/vIaa0sYWAr
Додека многу патници се мачат да најдат информации за статусот на планираните патувања, собирајќи се на некои од најпрометните комерцијални аеродроми во светот поради големите доцнења и откажувања, супербогатите најдоа алтернативен пат надвор од Блискиот Исток.
„Саудиска Арабија е единствената вистинска опција за луѓето кои сакаат да го напуштат регионот токму сега“,
вели Амир Наран, извршен директор на брокерската куќа за приватни авиони „Вимана прајват“, проценувајќи дека цената на приватните авиони од Ријад до Европа би можела да достигне до 350 000 долари.
BREAKING: Iranian drone struck Dubai International Airport.
— Mossad Commentary (@MOSSADil) February 28, 2026
Source: @visegrad24 pic.twitter.com/vIaa0sYWAr
Аналитичарите, се додава во написот, истакнуваат дека ова долгорочно затворање на небото и сите три главни транзитни центри во Заливот е невидена ситуација. Другите летови се пренасочуваат за да се избегне затворениот воздушен простор. Рутите преку Иран и Ирак станаа поважни откако војната во Украина ги принуди авиокомпаниите да го избегнуваат рускиот и украинскиот воздушен простор.
„Затворањето на воздушниот простор на Блискиот Исток сега ги турка авиокомпаниите во уште потесни коридори, а конфликтите меѓу Пакистан и Авганистан создаваат дополнителен ризик. Долгорочните прекини се најголемата загриженост за комерцијалната авијација“,
вели Иан Петченик, директор за комуникации во „Флајтрадар24“.
Инаку, Иран утрово започна голем ракетен и беспилотен напад кон Израел, но експлозии се слушнаа и во неколку градови во Персискиот Залив, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин.
Силни експлозии одекнаа низ целиот регион, а според првичните извештаи, воздушната одбрана е активирана во неколку земји.
