Понудувачот што ќе биде избран како најповолен има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци
Министерството за транспорт го објави јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи.

Согласно критериумите во јавниот повик, понудувачот што ќе биде избран како најповолен има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.
Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Градот Скопје, а преостанатите 50 за општините.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Сител на почетокот на неделава рече дека е убеден оти до јуни или јули годинава ќе пристигне првата пратка нови автобуси за главниот град, што значително ќе ја олесни кризата со јавниот градски превоз.
