Вкупната вредност на запленетата стока, според Царината, изнесува 1,2 милион денари
Царинската управа соопшти дека е спречен обид за шверц на 4 800 пакувања никотински кесички со вредност од 1,2 милиони денари. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело криумчарење, казниво според Кривичниот законик.

Веднаш при влез во државата преку граничниот премин „Табановце“, осомничениот бил застанат за контрола од страна на мобилниот царински тим, при што во возилото кое го управувал биле пронајдени 4 752 пакувања со никотински кесички со никотин и 48 пакувања никотински кесички – снус кои содржат никотин и тутун.
„Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама“,
соопшти Царината.
