„Согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тоа што го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители“, велат од Советот на јавните обвинители откако министерот за правда итно да заседаваат и да утврдат дали има одговорност кај обвинителот кој побарал куќен притвор за Артан Груби
По прозивките од министерот за правда Игор Филков за одлуката Артан Груби да оди во куќен наместо во ефективен притвор, Советот на јавни обвинители преку соопштение реагира дека во оваа фаза од постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители.

„Согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тоа што го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители“,
соопштија од Советот на јавни обвинители.
Реакцијата следува откако министерот за правда Игор Филков пред два дена ги повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител и кај судијата кој побарал, односно ја изрекол мерката куќен притвор за Груби.
Претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, вчера изјави дека за евентуални пропусти при одлучувањето за замена на затворскиот со куќен притвор на Артан Груби, може да постапуваат виш јавен или републички јавен обвинител, бидејќи така налага принципот на хиерархија во Јавното обвинителство. Што се однесува до Советот со кој претседава, според него, тој одлучува само по жалби.
Јавното обвинителство во вторникот информира дека за одлуката поранешниот вицепремиер да биде испратен во куќен притвор биле исполнети специфични услови, односно МВР и АНБ процениле дека во затворот во Шутка на Артан Груби не може да му се гарантира безбедноста.
