Последниве години особено е активна во јавноста во изразување на нејзините контроверзни мислења и поддршка за екстремните десничари
Твитер трајно го отстрани профилот на поранешната британска радио водителка Кејти Хопкинс поради говор на омраза и поттикнување расна омраза, објави Скајњуз.

Хопкинс, која стана позната по нејзиното учество во серијалот „The Apprentice“, последниве години особено е активна во јавноста во изразување на нејзините контроверзни мислења преку социјалните мрежи.
Оваа 45-годишна поранешна водителка на радио станицата ЛБЦ, на социјалните мрежи отвораено изразуваше поддршка на екстремно – десничарските политичари, како што е основачот на англиската лига за одбрана Томи Робинсон.

Твитер досега повеќепати и го суспендираше профилот на Хопкинс во ограничени периоди, но сега одлучи целосно да го отстрани.
Портпаролот на Твитер за Скајњуз изјавил дека приоритет на компанијата е дека нема место за злоупотреба и говор на омраза и дека ќе продолжат да преземаат вакви чекори кога се кршат нивните правила. Хопкинс неодамна исто така објави повеќе твитови со критики на движењето против расна дикриминација „Black lives matter “.