Прашан во врска со изјавите на Обама, Трамп вели дека не е сигурен дали постојат вонземјани, но додаде дека поранешниот претседател направил голема грешка

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека им наредил на американските агенции, вклучувајќи го и Министерството за одбрана, да почнат процес на идентификување и објавување на сите владини документи за вонземјани и вонземски живот.
Во објава на својот профил на социјалната мрежа Трут соушал, Трамп исто така бара објавување на „сите други информации поврзани со овие многу сложени, но исклучително интересни и важни прашања“.
Објавата на Трамп доаѓа само неколку дена откако поранешниот претседател Барак Обама во поткаст изјави дека вонземјаните се вистински. Обама подоцна појасни дека за време на неговиот мандат во Белата куќа никогаш не видел докази за контакт меѓу луѓето и вонземјаните, туку дека верува во нивното постоење првенствено статистички бидејќи вселената е толку огромна што шансите за живот да постои на друго место се големи.
Barack Obama on aliens: “They’re real”
— UAP James (@UAPJames) February 14, 2026
“But I haven’t seen them. They’re not being kept at Area 51. There’s no underground facility — unless there’s this enormous conspiracy and they hid it from the President of the United States.” pic.twitter.com/c6t0DYxewU
Прашан околу изјавите на Обама, Трамп вели дека не е сигурен дали постојат вонземјани, но додаде дека поранешниот претседател направил голема грешка и открил класифицирани информации.
„Можев да го извлечам од проблеми со декласификација на тие информации“,
додаде Трамп.
На прашањето дали и тој мисли дека вонземјаните се вистински, Трамп одговори:
„Па, не знам дали се вистински или не.“
Извештај на Пентагон од 2024 заклучи дека нема докази дека американската влада наишла на вонземски живот и дека повеќето видувања на НЛО биле само обични предмети.
