Фирмата „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ неодамна беше избрана за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со раководството на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ (4iG), чија фирма „Оне Македонија телекомуникации“ неодамна беше избрана за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава.

На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, било разговарано дека освен во телефонијата, „Фор-ај-џи“ ќе инвестира 100 милиони евра во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката.
„Македонија мора да ја развиваме. Се бориме за секоја шанса за подобра иднина за граѓаните“,
порача Мицкоски на Фејсбук.
Кон крајот на јануари годинава, Мицкоски во Давос се сретна со сопственикот на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ кој го информирал македонскиот премиер дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија.
