Атила Чампаи, портпарол на Дирекцијата за управување со катастрофи во округот Пешта, изјавил дека неговите колеги пронашле три тела – двајца мажи и една жена – под урнатиот покрив на зградата за време на увидот

Во пожар што ноќеска избувнал во хотел во местото Будакеши, во близина на Будимпешта, загинале три лица, а дваесетина лица се повредени, пишуваат унгарските медиуми.
Од пожарот целосно е изгорена кровната конструкција на двокатниот хотел. Пожарот веројатно започнал околу 2:15 часот наутро поради експлодирана плинска боца.
Отилија Ѓори, градоначалничката на Будакеши, на Фејсбук напиша дека има мртви и тешко повредени.
Според неа, покривот на хотелот „Спорт“ се запалил во текот на ноќта. Во спасувањето учествувале пожарникари од повеќе делови.
Унгарскиот портал index.hu пишува дека персоналот за управување со катастрофи сè уште бара три лица.
Атила Чампаи, портпарол на Дирекцијата за управување со катастрофи во округот Пешта, изјавил дека неговите колеги пронашле три тела – двајца мажи и една жена – под урнатиот покрив на зградата за време на увидот.
Пал Ѓерфи, портпарол на Националната служба за брза помош, изјавил дека повеќе од 40 болничари, со вкупно 18 единици за брза помош, пристигнале на местото на настанот. Болничарите им пружиле помош на 22 лица. Од нив, четири биле во животно-загрозувачка состојба, три биле сериозно повредени, а 15 имале полесни повреди. Повредените биле однесени во осум болници во Будимпешта.
