Гласачите би одлучувале за мировниот договорот истовремено со националните избори, а претставниците го наведоа мај како можен датум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера на 24 февруари да го објави планот за претседателски избори, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Претседателски избори, како што се додава во написот, би се одржале заедно со референдум за евентуален мировен договор со Русија.
„Фајненшл тајмс“ објави дека информацијата денес била потврдена од украински и западни претставници запознаени со планот.
Минатата недела Ројтерс објави дека според рамката што ја дискутираат американските и украинските преговарачи, секој мировен договор со Русија ќе биде ставен на референдум.
Гласачите би одлучувале за договорот истовремено со националните избори, а претставниците го наведоа мај како можен датум.
Зеленски пред неколку дена рече дека Соединетите Американски Држави сакаат мировен договор и крај на војната во Украина до почетокот на летото. Според него, се очекува притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, доколку не се исполни рокот до јуни.
