Украина е непријател затоа што бара од Брисел, Унгарија да не добива евтина руска енергија, вели Орбан
Украинците мора да се откажат од своите постојани барања во Брисел – да ја исклучат Унгарија од добивање евтина руска енергија, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја прогласи Украина за непријател. Во говорот за време на митинг во Сомбател, Орбан ја обвини Украина дека ги крши основните интереси на неговата држава и дека доколку не биле руските нафта и гас, Унгарците ќе морало да плаќаат неколку пати повисоки цени од сегашните.
„Секој што го бара ова е непријател на Унгарија, значи Украина е наш непријател“,
вели Орбан.

Дел од медиумите пренесуваат и дека Орбан во говорот истакнал оти Украина не треба да стане членка на ЕУ во догледна иднина затоа што Киев претставува постојана закана од војна.
„Мораме да соработуваме со Украинците, но нема прашање за членство“,
додава Орбан.
Тој истакнал и дека ако Украина стане членка на ЕУ, тоа ќе доведе до уништување на централноевропското земјоделство и економија, затоа што украинските производи се поевтини.
