„Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки. Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата. ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж“, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО-ДПМНЕ, по примерот на српскиот претседател Александар Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија и ги постави своите најблиски другари, реагираат од СДСМ по изборот на новиот Извршен комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Томовски – за организациски секретар, со цел да ги организира односно контролира тендерите. Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски. Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки. Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата. ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж. Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти. Сега кругот е целосно затворен“,
посочуваат од СДСМ.
Според СДСМ, Мицкоски ги презел МВР, Обвинителството и судиите, а медиумите биле под контрола на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат. Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите. Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ. Тоа се ‘реформите’ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда“,
се наведува во соопштението на СДСМ.
