Претходно вчеравечер во Охрид и во околината беше почувствуван уште еден земјотрес, исто така со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, чиј епицентарот бил во соседна Грција
Земјотрес со јачина од 3 степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) бил почувствуван синоќа во 23:10 часот во Битола, Охрид и околните места, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на опсерваторијата, епицентарот на потресот потекнува во соседна Република Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје и бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Претходно, во 19:50 часот во Охрид и во околината беше почувствуван уште еден земјотрес, исто така, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој земјотрес бил во Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје.
