Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од земјава – снег
Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од земјава – снег.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 11 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта се очекува повремен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 10 степени.
Според најавата на УХМР, од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Температурите ќе бидат во пораст.
